
Кога Никол Брајтли, мајката на трите деца ќе им каже на луѓето дека овие деца се тројка, никој не и верува. Синовите се идентични близнаци, но нивната сестричка е родена 5 години подоцна, иако трите настанале во ист момент.
Ембрионот на ќерката бил замрзнат 5 години, а сега е конечно тука за да го надополни семејството.
Ембрионите биле зачнати ин витро и две од нив биле вратени во матката, а третиот бил замрзнат. Од двата ембриони се родиле Џејмс и Даниел кои се родиле во 2008 година. Малата Елизабет чекала 5 години, но сега конечно пристигнала.
Елизабет изгледаше потполно идентично како и момчињата кога се родија. Личат како јајце на јајце. Но луѓето не можат да поверуваат кога ќе им кажеме дека се тројка. Џејмс и Даниел едвај чекаа да ја запознаат својата сестричка, и сега се многу заштитнички настроени. Чекавме за деца толку долго, но сега нашето семејство е целосно, посе толку време. ни требаа 15 години и 20 000 фунти, но вредеше. Се чувствувам како најсреќната мајка на светот – вели Никол.
