
Немажените мајки во Ирска биле испраќани во домови , што ги воделе Католичките сестри, казнувајќи ги за несаканата бременост надвор од брак, за да ги” поштедат ”, нивните семејства од срамот од вонбрачното дете
Телата од над 800 деца биле пронајдени во септичка јама на локацијата каде што некогаш беше дом за немажени мајки и нивните деца во ирскиот град Туам.
Локалната историчарка Кетрин Корлес пронаоѓа евиденција за смртни случаи на деца во институцијата која едноставно е наречена “дом”, која работела од 1925 да 1961 година, кога е затворена и напуштена. Гробницата ја откриваат група на момчиња кои ги забележуваат човечките остатоци преку испуканиот бетон.
Септичката јама се наоѓа на местото каде што некогаш беше главната зграда на домот, не далеку од игралиштето и новите згради.
Немажените девојки во Ирска биле испраќани во домови , што ги воделе Католичките сестри, казнувајќи ги за несаканата бременост надвор од брак, за да ги” поштедат ”, нивните семејства од срамот од вонбрачно дете.
Мајките таму ги губеле сите права над нивните деца, кои по правило се давале на усвојување , често на семејства преку океанот во САД. Жените во овие институции биле принудени да работат без плата, две до три години со цел да се искупат за своите гревови.
Стапките на смртност на новороденчињата во “домот “, биле зачудувачки, како што било случај и во сличните домови за немажени мајки.