Знаци дека вашиот партнер штотуку имал секс?

popara15 јануари, 20141min00
man-cheating-sexting-main

Прељубата може лесно да се открие, доколку имате малку смисла да го дешифрирате однесувањето на вашиот партнер. Сексот е главната занимација на сите прељубници, а познато е дека луѓето после водење љубов се расположени и енергични. Доколку обратите внимание  на промените кај вашиот партнер нема да имате потреба од приватен детектив за да потврдите дека тој или таа ве изневерува.

Parovi013

 

Циркулација на крвта

Постои причина зашто по сексот некој поцрвенува и го има сјајот во очите. Се работи за циркулацијата. Освен тоа лицата кои штотуку имале секс и доживеале оргазам зрачат на посебен начин, а тоа неможе да му побегне на стручното око.

Изразот на лицето
Го знаете оној посебен израз на лицето кој зрачи од задоволство и среќа? Е таков израз имаат сите луѓе по сексот. Доколку вашиот партнер нон стоп се смешка верувајте дека тоа не е без причина туку голема е веројатноста дека штотуку излегол од нечиј кревет.

kondom002

Материјален Доказ
По сексот кај луѓето многу често остануваат материјални докази највеќе ако не користеле презерватив. Тоа и не е многу пријатен начин да дознаете дека партнерот ве изневерил но обратете внимание и на тоа.

Среќа
Доброто расположение исто така е знак кој ја издава дека неодамна сте доживеале оргазам. По сексот во телото се ослободува ендорфин кој влијае на расположението. Тоа се оние моменти кога сте толку многу расположени што верувате дека ништо неможе да ви го расипе денот. Сте го приметиле тоа кај вашиот партнер?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *