
Иако црниот лабрадор Дјук немал особено лесен живот, неговата сопственичка Џордан се потрудила неговиот последен ден да биде совршен.
Откако минатата година преживеал остеосарком при што му била ампутирана предната нога, неговата сопственичка се понадевала дека најлошото е веќе зад нив. Меѓутоа не било така, а ветеринарот и соопштил дека Дјук боледува од агресивен карцином и дека е во терминална фаза.
Џордан знаела дека ќе го изгуби Дјук, а за да го поштеди од дополнителна болка, одлучила да го успие.
Не пред тоа, од својот миленик се простила на најдобриот можен начин – му приредила незаборавна проштална забава.
Така Дјук пред смртта уживал во хамбургери и милкшејк, играл во парк и цел ден бил заобиколен со луѓе кои го сакаат.
httpv://www.youtube.com/watch?v=FZ-rl5SVlvM