Знаете ли зошто Шинејд О Конор ја избричила главата?

popara7 февруари, 201417min00
2

Пејачката и текстописец Шинејд О Конор открила дека во 80-те години ја избричила главата бидејќи во тоа време било многу тешко да се биде жена. Музичката индустрија била предодредена за мажи.

Кога се појавила со својот контроверзен изглед и изразени политички ставови, тоа било доволно да ја забележат и првиот договор да го потпише на 17 годишна возраст.

“Менаџерите сакаа да имам долга коса и да носам кратки здолништа. Тоа не ми се допаѓаше. Отидов во првата берберница и ја избричив главата“ – изјавила пејачката.

Со цел да се заштити, Шинејд ја избричила главата и се облекувала како маж, за да биде што помалку привлечна.