
Сите ние повеќе ги паметиме лицата за кои никогаш не би рекле дека се убави…
Обично се мисли дека убавите луѓе оставаат посилен впечаток и дека полесно ги запаметуваме. Меѓутоа едно истражување покажало дека вистината е поинаква и спротивна на првобитното верување и дека нашиот мозок пред се ги запаметува луѓето кои не се убави.
Испитаниците многу полесно ги запаметиле грдите лица. Бевме убедени дека луѓето повеќе се сеќаваат на убавите лица бидејќи сите ние сакаме да гледаме убави луѓе – изјавиле научниците, додавајќи дека убавите лица остануваат запаметени само доколку имаат некоја карактеристична црта.
