
Всушност сите патишта водат кон љубовта, и зошто да се ограничуваме заглавувајќи еднопосочно? Тоа е двострана интеракција, па затоа она што го правите за некој друг е исто како за себе си да го правите. Најдете нешто или некој, кој ќе буди вакви возвишени чувства во вас и уживајте во нив секој ден, за да почнете да се отварате се повеќе и повеќе…Не чекајте туѓа иницијатива и не чекајте друг да ве храни со она што ви е потребно – покажете, споделте, храбро! Оној што не ве сака – Не ве заслужува!
Кога ќе дојдеш? – Кога веќе ќе си заминам и моите бавни чекори ќе одекнат во далечината?
Кога ќе сме заедно? – Кога ќе те соѕида помеѓу четири ѕидови твојата осамена вечер?
Кога ќе ме забележиш? – Кога потпрена на туѓо рамо ќе те одминам со поглед прикован во земјата?
Кога ќе ме побараш? – Само кога ќе видиш дека ме губиш, далечна, туѓа, непозната?
Сакај ме сега, кога и јас те сакам! Кога сум целосно твоја – посакај ме, повикај ме!
Сега пружи ги рацете, кога ќе дотрчам! Бидејќи утре ќе биде касно и непоправливо…
Ви се обраќам со стихови зошто тие во концентриран вид ги претставуваат дилемите и противречностите. И нешто повеќе, тие не воведуваат директно во ситуацијата – за да почувствуваме и да тргнеме кон Центарот со отворена душа и срце. Отвореното срце може да биде секогаш повредено, но вреди да се ризикува… Ако не налетате на вистинскиот, барем ќе го елиминирате погрешниот…