Зошто овие жени секогаш го добиваат мажот што ќе го посакаат?

29 ноември, 20140
3
Експертот за врски и секс, Трејси Кокс ни ги открива 6-те тајни на жените кои секогаш го добиваат потребното внимание од мажите.

Некои жени речиси секогаш го добиваат момчето што ќе го посакаат…

Трејси вели дека постојат 6 едноставни начини како да ги заведете и освоите мажите ,а тие немаат ама башникаква врска со изгледот.

Постојат некои квалитети кои луѓето ги прават атрактивни, а се сведуваат на две едноставни прашања, дали го сакате сексот и дали ги сакате луѓето?

Ако одговорите се потврдни, најверојатно сте секси. Сите ние имаме подсвесен секс-радар кој се вклучува кога сме во друштво на привлечни луѓе. Радарот за добар изглед се вклучува прв и благодарејќи на него веднаш ја скенираме најпривлечната личност во друштвото. После тоа се уклучува радарот за посуптилни индикатори на нечијсексипил и правиме проценка дали е некој вреден за нашето внимание или не.

Полни сте со ентузијазам – Тој е заразен. На некој кој е полн со живот едноставно мора да реагирате. Во друштво со таква личност морате да се чуствувате добро и да се смеете. Некогаш не е важно од што сте возбудени, туку начинот на кој реагирате. Страсно, полно со живот и енергично.

Девојката која стои во аголот и не го менува изразот на лицето и говори со монотен глас може да е вистинска убавица, но ако го нема тој ентузијазам -привлечноста значително и опаѓа.

Покрај неа се чуствувате како да сте единствени во просторијата – Жена која внимателно слуша што говорите, која ве гледа директно во очите, покрај која мажите се чуствуваат важни и посебни е жена која ќе го окупира нивното внимание.

Горда е на тоа што е – Жената која не се плаши да го каже своето мислење дури и тогаш кога е спротивно на сите останати личности со кои е во конверзација. Понекогаш е помалку нападна и непристојна, но поради тоа е шармантна. Со неа никогаш не е досадно. Се држи до своите убедувања и верува во себе. Сите ние се восхитуваме на луѓето кои со дигната глава ги водат своите битки.

Не се плаши од допири – Немојте да ја потцените моќта на допирот. Личноста која цврсто ќе ве прегрне додека се поздравува со вас, која не се плаши да ја стави на раме раката на загрижениот соговорник, која не се срами да покаже мали секси гестови како долг стисок на рацете, прегратка и наивен бакнеж во образот.

При тоа не заборава и на секси допирања – Сензуален допир како што е местење на косата, гушкање додека ви е ладно, всушност се дискретни повици мажот да погледне во тој дел на телото на кое таа го свртува вниманието. Ако сте ладни, крути ќе претпостави дека сте дистанцирани и дека е тешко да ве запознае.

Свесни се за своето тело и умеат да го покажат – Што подобро го познавате и цените својот изглед, подобро ќе се претставите. Ако седите со прекрстени нозе на креветот и имате притоа во прегратки мало јастуче, испраќате порака дека мислите како имате повеќе килограми и се обидувате да го скриете стомачето. Од друга страна, жената која се протегнува со рацете високо над главата, мрзливо и пополека емитува порака како е горда на своето тело.

Не е претерано нашминкана – Жена која не е опседната со својот изглед – така ја забележуваат мажите. Таа која е пак цела намонтирана со цел мејкап, руж, маскара и пудра која изгледа како кукла праќа порака дека е опседната со себе. Ненападна шминка но и изглед како сега да станала од кревет, опуштен природен поспан и секси никогаш нема да излезе од мода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi