Зошто се слави 1 Април?

popara1 април, 20141min00
7

Први Април е датумот кога се одбележува Светскиот ден на шегата, но сеуште нема конкретен избор зошто ова станало “народен празник”. Некои веруваат дека се појавил крајот на средниот век во Европа и првичниот назив бил “Ден на сите луѓе”.

Англичаните сметаат дека е преземен од Швајцарците и е поврзан со пролетните денови. Некои пак тврдат дека корените на Денот на шегата се од стариот Рим додека некои истражувања покажаа дека празникот за прв пат се појавил во 16 век во Франција. Како и да е, во многу земји низ светот се одбележува на различни начини, а во Сан Диего постои и Музеј на шегата во кој се објавени најдобрите шеги објавени во англосаксонските медиуми.

Во секој случај, принципот е скоро ист, а сите треба се шегуваат. Така што се што гледате и читате денес, консумирајте го со доза на резерва да не сепак е шега.

Еве уште една теорија:

Се верува дека обичајот да се шегувате на 1ви Април потекнува од Франција во 14век.

Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, и секоја година почнувала на 1 Април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале.

Потоа во 1564 година, Францускиот крал Чарлс IX, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на 1ви Јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на 1ви Април.

Наскоро овие луѓе станале мета на исмејување и трикови на нивните пријатели и соседи, само поради тоа што 1ви Април го славеле како Нова Година.

Пријателите и соседите им испраќале лажни подароци, покани за лажни забави, и разни други мајтапи токму на 1ви Април.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag