Поучна приказна: Тајната на вечната љубов

popara12 јануари, 20151min00
3

Има една древна легенда, во која се раскажува за двајца вљубени…

Младите отишле кај големиот учител на своето племе и му рекле:

–        Ние се сакаме! Сакаме да ни дадеш благослов и да не подучиш, што треба да направиме, за да е нашата љубов вечна.

–        Ќе ви кажам што треба да направите. Најпрво одете и донесете ми по еден орел, одговорил старецот.

Момчето и девојката го послушале старецот и донеле по еден орел. Кога се искачиле на врвот од планината, учителот им дал едно јаже и им рекол со него да ги врзат нозете на орлите, еден за друг.Младите го послушале и ги врзале нозете на птиците.

–        Ајде сега, пуштете ги да летаат!

Момчето и девојката ги пуштиле птиците нагоре кон небото, но птиците не успеале да полетаат, зошто нозете им биле врзани. Тие паднале на земја и почнале да се колваат една со друга, за да се ослободат од тоа, со кое биле врзани. Тогаш стариот индијанец им кажал:

–        Пресечете го јажето помеѓу нив…

Откако го пресекле јажето, младите ги фрлиле повторно орлите нагоре кон небото. Овој пат птиците брзо се издигнале високо и се насочиле кон снежните планински врвови, онаму каде што одсекогаш припаѓаат, во слободната небесна шир. А мудриот учител рекол:

–        Ете тоа е тајната на вечната љубов и среќата заедно: ако сте врзани еден за друг, вие никогаш нема да успеете да полетате. Тоа не е љубов, тоа е зависност. Можете да летате заедно, но не се врзувајте. Ако го сторите тоа, вие никогаш нема да ја почуствувате вистинската среќа…Животот ќе ви стане борба обидувајќи се да ослободите од јажето помеѓу вас…

–        „Тајната на вечната љубов“ – индијанска приказна од Хорхе Букај

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag