Метаболизмот воглавно го одредува генетиката но постојат неколку фактори кои можат да го активираат или забрзаат. Со секојдневно вежбање и одредени промени во исхраната можат да допринесат за согорување на калории, а со самото тоа и до забрзување на метаболизмот. Ова се десетте намирници кои ќе ви помогнат во тоа:
Зелен чај – содржи катехин кој ја подобрува функцијата на мозокот и нервниот систем, а со тоа и функциите и брзината на метаболизмот.
Спанаќ – освен што е богат со минерали, антиоксиданси, магнезиум, калиум, железо и витамин Ц, помага да се подигне целокупната метаболна функција.
Посно месо – како што е пилешко, мисиркино и говедско кои содржат висок процент протеини и соодветно низок процент масти. Протеините помагаат за градење и одржување на нашите мускули, а колку се тие појаки, толку повеќе енергија согоруваме.
Грејпфрут – супстнциите во грејпфрутот го намалуваат нивото на инсулин што од своја страна го забрзува метаболизмот и топи килограми.
Боровинки – содржат антиоксиданси кои ја спречуваат оксидацијата на ќелиите, иначе одговорни за многу болести, таложење масти и дисфункција на метаболизмот.
Кафе – најголем извор на кофеин кој го забрзува пулсот и метаболизмот.
Грав – содржи многу протеини и растителни влакна. Протеините ги градат нашите мускули, а растителните влакна го стимулираат метаболизмот напорно да работи, бидејќи тешко се варат.
Брокули – содржат големи количини калциум кој е познат како топач на масти и причина за забрзување на метаболизмот.
Житарици – за да се сварат на организмот му се потребни многу време и енергија.
Луто – овие зачини ја зголемуваат брзината на нашиот метаболизам, а и работата на срцето неколку часа после конзумација. Секојдневно конзумирање луто ќе го одржува вашиот метаболизам во идеална брзина.