10 работи што мажите ги сакаат од своите идни жени

29 ноември, 20150
5

Мажите знаат да покажат исклучителна сериозност кога доаѓа под знак прашање нивната идна сопруга. Мажите имаат точно поставени принципи и барања во кои идната невеста ќе мора да се вклопи.

За некои ќе кажете дека се логични, некои веќе ги знаете, но има и такви кои ќе ве изненадат.

Избегнување на непријатни сцени

Некои работи знаат навистина да ги изнервираат жените, а на спротивниот пол истите да им се чинат како тривијални. Затоа, не избувнувајте, туку дадете си доволно време за да се ослободите од нервозата и да избегнете непотребни сцени. Посебно избегнувајте ги сцените пред фамилијата и пријателите.


„Секси“ секс

Не е доволно само да имате секс, туку тој треба да биде исполнет со страст. Важно е да се чувствувате сексапилно и посакувано. Ако не се чувствувате така мажот можеби нема да забележи првите 2-3 пати, но потоа сигурно ќе ве праша „што не е во ред“?


Романтика

Тој ќе биде послушен како маченце за да му донесете подарок, да му зборувате валкано, да му го зготвите омиленото јадење, а потоа да му кажувате што ќе му правите подоцна. И не заборавајте да му кажете колку е прекрасен.


Вистината

Причината зошто многу мажи сакаат постојано да контролираат е дека имаат шесто сетило кога некој ги лаже.

Следниот пат кога момчето ќе ве праша „Со кој беше“ дајте му обемен одговор, односно објаснете му со кого сте биле и на кое место сте биле итн. Со тоа ќе го смирите и ќе му докажете дека нема што да криете.


Тишина

Некои мажи едноставно не сакаат да разговараат, посебно за некои теми кои знаат да ги изнервираат. Ако не му се зборува, едноставно оставете го на мира и дозволете му самиот да се искаже, тогаш кога ќе има потреба.


Вечера

Не мора да готвите секоја вечер, ниту да се преправате дека ви се допаѓа она што мажот ќе ви го зготви. Доволно е да не приговарате за направеното јадење.


Смисла за хумор

Мажите сакаат девојки со смисла за хумор, затоа што хуморот покажува дека се чувствувате опуштено и пријатно со него.


Добар слушател

Веројатно сте слушнале дека мажот не си ја отвора душата додека не го испразни шишето со алкохол. Кога ќе почувствувате дека е вознемирен, само сослушајте го и го потпрашувајте.


Брак

На мажите не им е потребна цела церемонија , единствено нешто што им е важно е да се посветат на вас и да оформат среќно семејство со вас.

Имајте на ум дека ве запросува затоа што ве сака и сака да го помине животот со вас, а не затоа што сте поминале неколку години во врска.


Крај на игрите

Ќе мора да ставите крај на игрите од типот на „топло – ладно“ и да глумите незаинтересирани. Ваквите игри мора да престанат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *