10 трикови кои ќе ви го олеснат возењето при зимски услови

popara14 декември, 20151min00
7

Возењето при зимски услови е навистина тешко, со оглед на тоа дека снегот и мразот го отежнуваат пристапот до автомобилот, порано се стемнува и често има магла. Некои возачи се нервираат ако треба да возат во лоши услови, но следните совети ќе ви помогнат да го олеснете возењето.

Паркирајте го автомобилот кон исток. Кога сонцето ќе изгрее, природно ќе го згрее вашиот автомобил и ќе го стопи мразот на шофершајбната па нема да морате да губите време чистејќи го.

Покријте ги бришачите на автомобилот. Искористете неколку пара чорапи за покривање на бришачите, при што ќе спречите да се затрупаат со снег.

Затоплете го клучот со запалка за полесно да ја отклучите бравата наутро.

Чувајте кесичка сол во багажникот, која ќе ви помогне во случај да се заглавите во снегот.

Ставете кесички за замрзнување на ретровизорите. На овој начин ќе спречите снегот да насобере на нив, па наутро нема да има лед.

Користете масло за јадење во спреј. Преку ден, водата може да се провлече меѓу вратата и да ја замрзне, па со тоа се отежнува и отворањето и затворањето на вратата. Благо напрскајте го овој простор со спрејот и ќе ги спречете тие проблеми.

Сами направете течност за бришење на шофершајбната со една чаша вода и една лажичка сјај за садови.

Искористете ја кредитната картичка за да го исчистете мразот, ако во случај не можете да најдете нешто со што можете да го тргнете мразот.

Попрскајте оцет и вода на шофершајбната во однос 3:1 за целосно да го избегнете ледот на шофершајбната.

Исчистете ги фаровите со паста за заби. Фаровите се многу важни за возењето преку зима, па многу е важно да бидат чисти за да се зголеми видливоста. Доволно е да ги премачкате со паста и да ги измиете со топла вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag