15 намирници кои помагаат за топење на масните наслаги

24 јануари, 20150
12
Што јадат светските модели за да набрзина го намалат обемот на својот стомак?
Тајната се крие во конзумирање намирници кои го забрзуваат метаболизмот, а воедно имаат мала калориска вредност, но и помагаат во исфрлување на вишокот течности, нудат стабилно ниво на енергија и осигуруваат долго чувство на заситеност.

1. Бадеми

Не само што бадемите се полни со корисни витамини за кожата (Е витамин), туку и голем дел од влакната го потиснуваат чувството на глад. Истражувањето во 2007 година покажува дека и покрај релативно високата калориската вредност, бадемите не придонесуваат на развој на наслагите на стомакот.

2. Зелен лиснат зеленчук

Најбрз начин на симнување на наслагите околу стомакот? Во секој оброк, вклучете лиснат зелен зеленчук како што е зелена салата, рукола или градинарска зелка. Овој зеленчук содржи малку калории, но нуди многу влакна, витамини и минерали кои не причинуваат надуеност и нелагодност поврзано со друг вид зеленчук.

3. Зоб

Зобот заситува, а ако го јадете за доручек, телото ќе добие извор на стабилна енергија. Го намалува нивото на холестерол во крвта.

4. Маслиново масло

Да, маснотиите може да ви помогнат при слабеење. Полинезаситените маснотии како што се оние во маслиновото масло ја спречуваат гладта, а олеинската киселина го поттикнува разградувањето на наталоженените масти во телото.

5. Грав

Секое зрно грав е полно со хранливи материи, вклучувајќи протеини и влакна. Содржи малку калории и нуди континуирана и балансирана количина на енергија.

6. Нане

Нането е познато како лековито растение. Посебно е корисно бидејќи помага при варењето на храната. Најдобро е да се пие како чај. Обидете се да испиете три чаши дневно. Нането е добро и за чистење на кожата.

7. Зелен чај

Зелениот чај го остранува вишокот течности, а така се намалува и количината на насобрана течност околу стомакот. Овој чај го забрзува и метаболизмот, што помага при горење на насобраните масни наслаги.

8. Алги

Морските алги се на добар глас поради количината на јод, а јодот е потребен за создавање на хормонот тироксин. Тироидната жлезда го регулира метаболизмот и брзината со која телото ги согорува мастите. Содржи и минерали кои учествуаат во разградување на мастите околу стомакот и помага при исфрлање на вишокот вода.

9. Јаболков оцет

Јаболковиот оцет веќе долго се користи за детоксикација, и затоа е добро да се користи секојдневно. Служи како своевиден тоник за варење, бидејќи помгага во отстранување на штетните бактерии.

10. Сок од брусница

Освен што е полн со витамин Ц, сокот од брусница го поттикнува телото да се спаси од прекумерната количина вода.

11.  Шпрагли

Шпрарглите се полни со витамин А, Б Комплекс како витаминот Ц и Е. Содржи и цинк како и калиум, кој истотака поттикнува исфрлување на прекумерната течност.

12. Домати

Вкусни и полни со антиоксиданси. Ги смирува воспалителните процеси и помага во исфрлување на вишокот течности. Битно да се напомене дека поволно делува на лептинот, хормон кој го регулира работењето на метаболизмот.

13. Лук

Оваа растение ги убива штетните бактерии и вируси и го поттикнува здравјето на органите за варење. Здрав стомак е темел за добивање тенка половина.

14. Чили

Додавање чили во храната е одличен начин за забрзување на метаболизмот. Една феферонка содржи дневно потребна количина на бетакаротен (здрава кожа, коса и нокти), како и повеќе од потребна количина на витамин Ц. Овој важен антиоксиданс помага во борбата со токсините и страните честички кои се наоѓаат во крвта.

15. Банани

За разлика од онаа во кое веруваат многумина, бананите придонесуваат во губење на килограите, а не на дебелеење. Преку минералите и влакната во бананите, тие нудат доволно енергија на телото и помагаат при губење на вишокот течности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş