Своевремено, Тејлор била една од најубавите филмски актерки, која до ден денес се памети како стилска икона. Нејзиниот најпрепознатлив белег, очите, се опишувале како виолетови, при што, оваа аномалија претставувала нејзин “заштитен знак”. Иако фотографиите не ја поддржуваат оваа теорија, се сметало дека нејзините очи се врамени во двократна лента од трепки.
Позната по своите актерски способности и иконска убавина, како и по нејзиниот екстравагантен животен стил, исполнет со долга низа бракови и разводи (дури осум), Тејлор се смета за една од најголемите актерки во Златната филмска ера, како и една од филмските ѕвезди кои можат да се пофалат со титулата “поголеми од животот”.