5 карактеристики на неодоливите дами

popara27 ноември, 20151min00
9

Што е тоа што ја опишува атрактивната жена, она која совршено комуницира со својата женственост и се чувствува одлично во својата кожа? Сигурност, интелегенција или став? Едно е јасно: таа совршено е релаксирана, освојува со поглед, гест и движење на телото. Но освен тоа тоа, таа има пет изразени навики кои ја одвојува од толпата.

1. Атрактивните жени не влегуваат пребрзо во интимни односи

Оваа жена е многу опуштена и ужива во љубовта, но сака да чека пред да се одлучи за интимност со нов партнер, осбено ако сака сериозна врска и искреност. Таа едноставно знае дека брзањето со физички однос има преголема цена. Сексот предизвикува лачење на окситоцин – „дрога“ на љубовта, а под нејзино дејство партнерот може да ни изгледа како наша сродна душа, но таквата илузија често завршува со неуспех. Посакуваните жени излегувањата ги гледаат како можност за запознавање. Додека одржуваат дистанца и објективност можат полесно и посигурно да ја проценат личноста која само бара добра забава. Таквите жени никогаш не брзаат и не дозволуваат нетрпеливост и притисок врз нив.

2. Тие се страствени во се што прават

Дамата која зрачи женственост не е зависна од нејзиниот партнер, не се држи со сите сили за него. Мажот го прави нејзиниот живот поубав, но тој не го претставува нејзиниот живот. Додека многу жени погрешно го спојуваат својот живот со животот на партнерот со надеж, дека ќе достигнат многу блискост, опуштената и сигурната жена знае дека нејзината независност не е пречка, туку шанса за поубава и побогата врска. Привлечна е и онаа жена која својот живот го исполнува со интересни и вредни активности, осмислува цели и ги достигнува, а често има и целосно одвоена кариера, хоби и банкарска сметка.

3. Тие се емоционално стабилни

Жените кои се одликуваат со женственост и сила во голема мера се стабилни и смирени и знаат да ја контролираат нивната лутина. Посакуваните жени знаат дека среќата потекнува од внатре, спротивно на сите надворешни извори кои ги опкружуваат. Затоа тие создаваат стабилност со тоа што успеваат од различни извори да ги задоволат своите емотивни потреби: го негуваат својот психички и духовен живот, одржуваат добри пријателства, вежбаат, се ослободуваат од стрес со различни техники на опуштање и на тој начин со партнерот можат да бидат потоли, понежни, полни со разбирање и љубов. Ваквите жени знаат дека само со урамнотежен живот можат да имаат среќна и успешна врска.

4. Тие ги познаваат своите граници

Силните и привлечните жени не се плашат да зборуваат и слободно да ги изразуваат ставовите. Тоа особено се однесува на границата која сакаат да ја постават во врската. Жените кои се однесуваат како „крпа за бришење“ не будат желба и интерес кај мажите. Женствените и силни жени не се толку тешки и не бараат посебен третман. Тие едноставно очекуваат одредено ниво на почитување и не се плашат да ги изразат своите потреби.

5. Тие не ги следат стереотипите и не избрзуваат во донесување одлуки

Жената денес се бори со голем број притисоци: што да јаде за да биде слаба, кога е вистинско време за мажење, кога треба да раѓа… Сепак, таквото брзање не само што му пречи на развојот и зацврстувањето на женственоста, туку доведува и до погрешни избори и големи потешкотии при разделбите. Привлечната жена е сигурна во себе и својот квалитет, во целост ги држи уздите на животот во свои раце и го следи својот љубовен однос од ден на ден. Ако почувствува дека тоа сепак не е искрено и вистинско партнерство, побрзо се одлучува за самотија, а со моќната женственост таа самотија никогаш не трае предолго.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag