Ајде да размислиме за човештвото и начинот на кој живееме. Што има вистинска вредност, а на што робуваме од чиста глупост! Зашто, замислете дека дојде денот во кој ќе треба да одговараме за своите дела! Тогаш…
- Бог нема да те праша колку пријатели си имал, Тој ќе те праша на колку од нив ТИ си бил пријател!
- Бог нема да те праша колку ти бил голем домот,тој ќе те праша колку луѓе си пречекувал во него.
- Бог нема да те праша колку многу облека си имал во гардеробата, тој ќе те праша колку луѓе си облекол со неа!
- Бог нема да те праша колку си успеал. Тој ќе те праша колку луѓе си лажел и измамил за да ги постигнеш своите цели!
- Бог нема да те праша колку пари си заработил. Тој ќе те праша со колку од нив си помогнал на сиромашните!
- Бог нема да те праша за бојата на кожата. Тој ќе те праша за содржината на твојата личност!
- Бог нема да те праша колку пати си кажал “те сакам”. Тој ќе те праша колку пати си расплакал некого…