Ако и вие во себе носите рана која сеуште не зацелила – стара љубов…

25 април, 20150
2

Мотивот на старата љубов не е присутен само во филмовите и литературните дела. Всушност, многу дами кои се наизглед среќни во бракот и врските можеби во себе носат рана која сеуште не зацелила, конфликт кој не е решен, желба која не се исполнила, а се тоа е опишано со два збора – стара љубов…

Старата љубов нема заборав

Многу фактори влијаат врз тоа дали одреден поранашен партнер ќе го добие епитетот „непреболен“. Дали е важно тоа што бил нежен, добар, романтичен, згодeн и убав кога е се завршено? Зошто е толку тешко да се продолжи напред?

Животната ситуација во која жената е во среќна врска или брак, но чувствата и мислите сеуште и се во старата врска може да се дефинира како застој. Додека се работи за некој друг секој од нас би реагирал објективно, но кога станува збор за нас, изгледа дека сме во страшна заблуда и сеуште трошиме енергија мислејќи што се случило во таа поранешна врска.

Потрошената енергија за „туркање на минатото под тепих“ е залудно потрошена, впрочем со тоа не постигнуваме ништо освен што ги замачкуваме работите на одреден период.

Но јас него го сакам!

Ваквата агонија некогаш знае да достигне и деценија под влијание на општеството, филмовите и љубовните романчиња во кои старата љубов победува и по 10 години. Да додадеме уште неколку други фактори и ете целосно промашен живот. Бидејќи љубовта не е страдање и одбивање на соочување со реалноста, и се тоа заради некоја далечна илузија.

Запомнете едно девојки: „Не носите иста блуза десет години! Зошто вашето срце би морало засекогаш да носи една личност, ако тоа повеќу не му носи среќа?“, вели писателката Наталија Девич.

Бившите се бивши

Можеби постојат некои несреќни околности поради кои некоја стара љубов подоцна треба да се одживее докрај. Но воглавно, тоа се ретки случаи и најчесто филмски сценарија. Во реалноста бившите се бивши.

„Ми се случи пред некој ден да го сретнам човекот со кој имав неверојатно силна врска. Се сетивме на таа љубов и на двајцата ни се чинеше дека би можеле да се обидеме повторно. По само три недели, тој го правеше истото она за кое го оставив пред десет години. И се смеев сама на себе, чувствувајќи како животот повторно ме прашува дали треба да ми повтори два пати дека ние не сме еден за друг“, вели Девич.

Жалењето за бившите потекнува од воспитувањето на жената дека со времето и минува убавината, а со тоа и шансите во животот.

Ако сеуште сте убедени дека го сакате бившиот, тогаш тагувајте. Искрено, љубовта не е грип за да се одлежи за десет дена, но не е ни демон кој не ни дава мир цел живот. Бидејќи кога ќе премине во мазохизам, застој и одбивање на реалноста, тоа веќе не е љубот, туку е мачење.

Преболете, решете го тоа сами со себе, исплачете се, јавете му се и кажете му се што имате, ослободете се од тоа. Немојте да го сокривате во себе емоционалното патење кое може да се прошири низ целиот ваш организам.

Не влегувајте во нови врски

Ако не сте го преболеле бившиот, погрешно е да мислите дека нешто ќе се случи доколку влезете во нова врска. Со тоа нема да добиете никакво задоволство, туку само повеќе ќе се повредите себеси и партнерот. Размислувајте за друга врска дури тогаш кога ќе бидете сигурни дека чувствата од старата љубов ви се оставени во музеј.

И што после?

Патењето за бившите е неправедно спрема нас самите, како еден недостаток на почит.

Поретко постојат тешки рани од старата љубов за кои е потребна терапија од психотерапевт, но и тие зараснуваат. Лузни се разбира ќе има. Но важно е тоа дека повеќе не ве боли. Што е човекот без брчки и лузни, како доказ дека работел, пател и сакал, дека живеел?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *