
Сакате да проверите колку добро ве служи видот? Екипата што стои зад популарниот YouTube канал AsapScience преку видео ќе ви го даде одговорот на ова прашање.
Тестот е навистина едноставен. Во видеото на AsapScience се појаснува дека доколку имате добар вид и се наоѓате на пристојно растојание од екранот, тогаш би требало да ја видите фотографијата на Алберт Ајнштајн, но доколку ја гледате Мерилин Монро тогаш веројатно е време за очила.
Кога фотографијата се наоѓа на голема оддалеченост нормално е да ја гледате Мерилин, бидејќи способноста за забележување детали се намалува, но како што се приближува тогаш би требало да почнете да го гледате Ајнштајн.
Проверката можете да ја направите и доколку го паузирате видеото и се оддалечите од екранот – од колку подалеку можете да го видите Ајнштајн, толку е подобар вашиот вид.