Алесандра Амбросио со децата на плажа на Миконос
14 август, 20150
Алесандра Амбросио го продолжува својот летен одмор на Миконос. Славната манекенка беше фотографирана со двете деца на познатиот грчки остров.
Придружувана од 3-годишниот син Ноа и 6-годишната ќерка Ања, Амбросио се релаксираше на убавите песочни плажи.
На фотографиите, 34-годишната Бразилка носи костим за капење од својата линија „Ále by Alessandra“.
Подоцна, на среќното семејство му се придружија и сестрата на Алесандра, Алин, и нејзиниот сопруг.
Амбросио сподели на Instagram неколку фотографии од идиличниот одмор.