Ананас колачиња

17 август, 20150
naopaki

Потребни состојки:

  • 800гр конзервиран ананас
  • 70гр кафеав шеќер
  • 120гр путер
  • 150гр брашно
  • 160гр шеќер
  • половина лажичка прашок за пециво
  • 120мл сок од ананас
  • 1 јајце
  • половина лажичка екстракт од ванила
  • малку сол

полнење:

  • 3/4 шоља слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 12 кандирани цреши или вишни

Начин на подготовка:

Чекор 1: Вклучете ја рерната на 180°C. Ставете масло на калапите. Извадете го ананасот од конзерва и ставете го на хартија да се исцеди. Сокот може да го користите подоцна. Истопете го путерот и помешајте со кафеав шеќер. Добиената смеса ставете ја дното од калапот за мафини – околу 2 лажици во секоја.

Чекор 2: Исцедениот ананас исецкајте го на помали парчиња, па додадете ги преку путерот и шеќерот на дното од калапите. Обидете се убаво да изгледаат – како цвет.

Чекор 3: Во подлабок сад матете брашно, 3/4 шољи шеќер, прашок за пециво и малку сол. Додадете путер и сок од ананас и матете рачно. На крајот додадете јајце и екстракт од ванила. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Прелијте преку парчињата ананас во калапите, така што ќе бидат еднакво пополнети.

Чекор 4: Печете околу 20-25 минути. Боцнете со чепкалка да проверите дали тестото е испечено. Доколку чепкалката е чиста, колачот е испечен. Извадете ги од рерна и оставете да се олади 5 минути.

Чекор 5: Изматете слатка павлака со шеќер додека не се згусне. Ставете ја преку оладениот колач, и декорацијата заокружете ја со кандинирани цреши или вишни!

 

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi