Анџелина низ очите на Бред Пит
31 октомври, 20150
Анџелина и Бред останаа заедно и покрај многуте гласини кои уште на почетокот ја осудија нивната врска на пропаст.
За разлика од многу други холивудски парови тие никогаш не кријат кога во нивниот брак не цветаат рози. Како Бред, така и Анџелина признаваат дека нештата понекогаш стануваат турбулентни и караниците не им се ништо ново.
Но, во исто време откриваат и дека љубовта и разбирањето се двата клучни фактори кои го зацврствуваат нивниот однос и им помагаат да ги надминат препреките.
Токму затоа кога ќе ги погледнете фотографиите од Џоли кои се дело на Пит, ја сфаќате љубовта која Бред ја има за неа и зошто нивната двојка и понатаму успешно функционира.