
Audi Prologue концептот, кој минатата година се појави на саемот во Лос Анџелес ги привлече погледите на сите наоколу…
Истото се однесува и за Avant моделот. Иако за овој модел нема никакви дополнителни информации, се очекува под поклопецот да се најде 4 литарскиот твин турбо V8 агрегат. Агрегатот се појави на CES саемот за електроника со хибриден погон, кој заедно со бензинскиот агрегат развива 677 КС.

Овој агрегат, поврзан со 8 степен автоматски менувач, му овозможува на автомобилот “ракетно” забрзува до 100km/h за само 3.5 секунди. Но ова се само желби, за кои не постои гаранција за исполнување. Во таа цел да позборуваме за дизајнот на возилото. Стајлингот е наследен од Prologue моделот и тоа е добро.

Автомобилот е поставен ниско и се потпира на прекрасните 22 инчни тркала кои понатамошно го истакнуваат агресивниот карактер на овој караван. Воочливата разликата помеѓу двата модели е дополнителните 3 врати кај караванската изведба.
