
Ова го пишувам како помош за сите оние кои имаат проблем со циркулација на крвта. Сметам дека ќе помогне многу на оние кои имаат проблеми со попуштени вени и лоша циркулација во рацете и нозете, кои секогаш се студени.
Овој рецепт, би го препорачала секој да си го направи дома. Од него нема зијан што би рекле постарите. На природен начин да си помогнеме на самите себеси.
Правилниот рецепт е по една рака од сите состојки.
Не е битно, мала, голема рака.
Тревки се и природен лек е.
Во стаклен сад налеваме 1 литар домашна ракија.
Во него додаваме по една рака од следните тревки:
-Жолт кантарион
-Семе од коприва
-Мајчина душица
-Цвет од невен
-Рузмарин
(сите состојки ги има во апотека)
Се остава ова да стои 15 дена добро затворено на темно.
Потоа се процедува и се конзумира во вид на капки.
Нема штета од него и пијте го по потреба или два пати на ден по 10 капки, за циркулација на крвта. На почетокот кога се ставаат тревките ракијата има некоја бледа жолта боја, а кога е готова добива прекрасна кафена, коњак боја. Јас направив и пробав, пробајте и вие.Лекот се чува на суво и темно место.