Австралиец пронашол грутка злато вредна 125.000 евра

popara11 март, 20151min00
2

Австралиецот Мик Браун на длабочина од само 15 сантиметри пронашол грутка злато тешка 2,7 килограми.

“Откако престанав да пушам се почесто излегував надвор за да ја тргнам оваа нездрава навика од главата”, објасни Браун за австралискиот “The Age”.

Со својот детектор за метал, Браун одлучил да го помине подрачјето во близина на Ведербурн кој го посетил неколку пати пред тоа. Детекторот станал исклучително гласен, а Браун потоа почнал да копа.

На околу 15 сантиметри под површината пронашол грутка за која прво помислил дека е парче истопен бакар.

“А, тогаш помислив – Господе, па ова е злато. Велат дека златото вреди двојно повеќе од својата тежина доколку грутката е убава”, вели Браун.

Подоцна дознал дека грутката вреди 125.000 евра, а откако го прашале што ќе направи со парите, среќниот Австралиец одговорил дека ќе ги одведе својата сопруга и ќерка на убава вечера.