Била во брак со геј: Сексот изгледаше како…

29 април, 20150
Kiss

Иако сме 21 век и луѓето во светот научија веќе да не ја кријат својата сексуална ориентација, сеуште постојт и вакви примери.Семејниот терапевт Џошуа Вид бил оженет, но признал дека е геј и не е единствениот. За работата да биде полуда, тврди дека имал одличен секс со сопругата.

Новинарката Адријана Велез опишала како изгледал нејзиниот брак со маж кој бил геј.

– Жал ми е за тие парови. Мојот сопруг и јас сме воспитани како Мормони, а тоа е многу религиозна група на луѓе која смета дека хомусексуалноста е грев. Затоа молчеше. Се запознавме пред мојот 24-ти роденден. Мислев дека е бисексуалец, бевме многу млади, а можеби и тој така мислеше.

Имаевме одличен секс, можеби баш затоа што знаевме дека треба да работиме на тоа, но времето поминуваше и наскоро ни стана јасно дека тој сака само мажи“, раскажала Адријана.

Тие добиле деца и одлучиле да не се откажуваат, но на нејзиниот сопруг и физички и психички му станувало само полошо.

– Кога геј тип води љубов со жена, тоа му доаѓа како да задоволува автомобил. Тоа го прави затоа што мора, а сексот би морало да биде повеќе од тоа. Треба да ти е убаво и да се ужива во него“, вели Адријана.

Кога почнала да се забавува со други мажи, таа тврди дека сфатила што пропуштала дотогаш.

– Постои причина, всушност, огромна разлика меѓу сексот со личност која ја привлекуваш и покрај полот и онаа која ја привлекуваш токму поради својот пол. Сексот не е најважен, но исклучително е важен како начин за поврзување во бракот“, вели Адријана.

Таа ги советува жените кои се нашле во иста ситуација како нејзината, да ги прекинат таквите бракови за и двајцата партнери да можат да ја пронајдат својата среќа и да уживаат во сексот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi