Чудо кое не се пече, а готово е за 20 минути!

27 јануари, 20150
8

Ако не сте од оние кои со многу ентузијазам и трпение влегуваат во кујна со цел да подготват торта, ова е рецепт за вас. За оваа торта не треба да се плашите дали ќе ви успее, бидејќи не треба да ја печете.

СОСТОЈКИ:

1 литар млеко
4 пудинзи од ванила
300 грама шеќер
250 грама путер
200 грама мелени бисквити
200 грама кокос
200 грама мелени ореви
шлаг за украс (по желба)

ПОДГОТОВКА:

Згответе четири пудинзи од ванила во 1 литар млеко. Пудингот оладете го и во него додајте путер кој пред тоа е измиксан со шеќер.

Смесата поделете ја на три дела, така што во еден ќе додадете кокос, во друг мелени ореви, а во трет мелени бисквити. Додајте онолку состојки колку што ви се потребни пудингот да биде доволно црврст.

Во калап за торта ставете ја прво смесата со бисквити, на неа смесата со кокос, а на крај со ореви. Тортата по желба украсете ја со шлаг. Ако не сте премногу нестрпливи, оставете ја тортата во фрижидер неколку минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş