Направете домашна верзија на чоколадо Тоблероне!
27 јануари, 20150
Ако ги имате сите потребни состојки дома, разубавете си го денот со брза подготовка на домашно чоколадо кое неверојатно потсетува на познатото Тоблероне.
СОСТОЈКИ:
300 грама чоколадо
300 грама лешник
3 јајца
300 грама путер
300 грама бисквити
300 грама шеќер
ПОДГОТОВКА:
1. Карамелизирајте 200 грама шеќер. Во карамел измешајте 200 грама препечени лешници. Ставете ја смесата на мрсна чинија па оставете ја да се олади. Останатиот шеќер измиксајте го со јајцата, а путерот разматете го посебно и соединете го со јајцата, потоа додајте растопена чоколада и 100 грама мелени лешници.
2. Иситнетите лешници измешајте ги во смесата, па додајте мелени бисквити. Се` добро промешајте и ставете во троаголен калап.