Да се има семејство значи да се има цел еден свет, дома!

16 декември, 20150

Покрај милионите успеси и унапредувања на себеси, финансиската стабилност и индивидуалниот интегритет, вечната потрага по совршенство, кариера, врвни подеми, на крајот од денот сè се сведува на првата и последна, една и единствена вредност која човек може да ја постигне како човек.

Да има љубов, да има блискост, да има топлина. Да има семејство. Тогаш знае дека ја достигнал есенцијалната поента на постоењето…

Да се има семејство значи дека никогаш нема да бидеш осамен.

Колку и да изгледаат клише семејните вечери, запомни дека некој нема семејство, некој нема ни што да јаде.

Семејството е она што те прави среќен.

Домот е она што те прави спокоен. А, домот е целосен само кога семејството е цело.

Семејството се оние луѓе кои никогаш нема да ја изневерат твојата доверба.

Оние кои секогаш те поддржуваат.

Оние кои веруваат во тебе.

Оние кои прославуваат со тебе.

И плачат кога и ти плачеш.

Семејството е она нешто кое секогаш ти го стоплува срцето.

Ти предизвикува насмевка.

И никогаш не се жали дека си можел да добиеш подобро семејство.

Затоа што некој некаде воопшто нема семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *