
Ден Билзеријан, познат по раскошниот живот и постојаните забави кои се редовно придружени од надарени убавици, одлучи да сподели една “животна мудрост” со мажите.
Имено, “Кралот на Инстаграм” сподели видео во кое објаснува зошто мажите никогаш не би требало да се женат и што се пропуштаат ако го направат тоа.

“Еднаш одамна еден згоден принц праша преубава принцеза да се омажи за него. Но, принцезата рекла не. Принцот живеел среќно до крајот на животот”, со овие зборови започнува “бајката”, а потоа следи и набројување на сето тоа што може да го имате како самец.
Врски со двојно помлади девојки, слаби русокоси со големи гради, возење со мотори, одење на лов, посетување на стриптиз барови, летување ширум светот, купување на оружје, купување на брод, скапоцени автомобили и така натаму. Накратко, се она што може да го имате ако сте Ден Билзеријан.
Очекувано, ова ги погоди женетите мажи и мажените жени кои го нападнаа во коментарите и му порачуваа дека го жалат.
“Кажи ми, колку ги плаќаш своите пријатели, ти тажна птичко?”, “Го жалам Ден и гледам со што се треба да го пополни животот за да биде среќен” и “се надевам дека ќе добиеш рак на задникот”, се само дел од коментарите кои се под неговото поучно видео.
Секако, има многу повеќе од оние кои се согласија со Ден и му порачаа да не им обрнува внимание на хејтерите.