Депресија – болест или состојба на умот?

popara16 ноември, 20151min00
22

Секоја година во светот се зголемува бројот на луѓе кои страдаат од депресија. Проценето е дека секој петти човек страда од депресија во некој период од животот, а жените се двојно повеќе склони кон депресија отколку мажите.

Депресијата претставува состојба на нерасположение и аверзија кон активност која може да влијае врз мислите, однесувањето, чувствата и чувството на благосостојба на една личност. Но дали е всушност така?

Еден англиски лекар уште во 18 век рекол: „Акo сакате да го пронајдете пеколот на земјата, ѕирнете во срцето на депресивниот човек.”

Депресијата е состојба на умот, но оваа состојба е предизвикана од болест или некој вид растројство. За жал сè уште има недоразбирање за тоа што значи ментална болест. Мислењето дека „физичката“ и „психичката“ болест се различни ентитети е погрешно. Менталната болест е исто толку физички проблем колку и срцевата болест, астма, дијабетес итн.

Во рамките на менталната болест органот што е зафатен е умот. Но, за оваа состојба вината не може да се бара во самата личност.

Време е менталната болест да не се става во посебна категорија, туку да се разбере како еден вид болест. Тука се поставува прашањето: Дали силната верба може да ја победи депресијата? Вербата ќе ни помогне полесно да ја прифатиме и да живееме со таа болест, но одговорот е негативен во поглед на тоа дали вербата може да ја победи болеста, затоа што кога веќе еднаш си дијагностициран со болест од типот на биполарност, депресија, манично расположение, таа состојба не може во целост да се избегне.
Некои личности сметаат дека вербата во Господ може да помогне во оваа состојба. Така ја добиваат потребната љубов и поддршка што им е потребна за да живеат со оваа болест. Споделувањето на љубовта со другите ги прави посилни и ги мотивира да не се чувствуваат како жртва на самата болест.
Некои личности гледаат и на позитивната страна, велејќи дека тоа ги прави да бидат сочуствителни со целиот надворешен свет.

Иако излез од болеста сè уште нема, сепак постојат групи за подршка кои што го олеснуваат животот на овие лица и им овозможуваат еден вид нормален живот.

Неколку совети кои ќе ви помогнат во борбата против депресијата

  • Не се изолирајте. Депресијата често создава чувство на срам и многумина се изолираат за да не бидат исмејувани од другите. Но, таквата изолација може да ја влоши ситуацијата. Затоа, останете во контакт со најблиските пријатели и семејството и не се плашете да побарате медицинска помош.
  • Не се обвинувајте себеси. Вие не сте виновни за појавата на депресија. Обвинувајќи се може да ги влошите симптомите.
  • Не донесувајте важни одлуки. Кога сте во депресија, можно е да не сте во состојба да донесувате добри одлуки, затоа што не размислувате јасно.
  • Побарајте помош. Воопшто не треба да чувствувате срам поради депресијата. Уште кога ќе ги забележите првите симптоми, побарајте помош од стручно лице. Ако вашите симптоми се умерени, најверојатно ќе може да ви помогне матичниот лекар. Но, доколку состојбата е посериозна, тој ќе ве прати кај специјалист.
  • Спијте доволно. Еден од симптомите на депресијата е инсомнијата или хиперсомнијата. За да ги избегнете тие проблеми со спиењето, важно е да си создадете здрави навики за спиење. За најголем дел од возрасните, 8 часа сон се сосема доволни.
  • Хранете се здраво. Едно од најновите истражувања во оваа област, спроведено во Мелбурн, покажа дека нездравиот начин на исхрана е виновен за појавата на депресија кај жените. Според резултатите, кај жените кои консумираат нездрава мрсна храна ризикот за појава на депресија се зголемува со 50%. Балансираната исхрана е особено важна не само во борбата со депресијата, туку и за целосното здравје.
  • Не консумирајте дрога или алкохол. Алкохолот и дрогата можат да го забават вашето оздравување. Тие можат да ја зголемат депресијата и да го намалат дејството на лековите против депресија. Отстранувајќи ги овие пороци од вашиот живот, вие си ги зголемувате шансите за побрзо оздравување.
  • Вежбајте. Физичката активност ќе ви помогне да се чувствувате подобро и позадоволни од себе. Изберете си активност која ви носи задоволство и обидете се да ја практикувате во група или со пријател за поддршка.
  • Поставете си помали цели во животот. Депресијата предизвикува недостаток на енергија, па затоа тешко ќе можете да остварите нешто големо. Постигнувањето на малите цели ќе ве мотивира и ќе ви даде желба да продолжите напред.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag