Ако сакате да изгубите килограми, побрзо од вообичаеното, а притоа да го исчистите телото од токсините и да се ослободите од непотребната вода, оваа диета ќе направи чуда за Вас. Држете ја две недели и ќе видите значителна разлика.
Ова диета го намалува внесот на шеќери, соли, масти и скроб. Се фокусира на она што го јадете, не колку јадете. Има три фази, но за сега, започнете со првата, која трае 2 недели:
Можете да јадете неограничени количини:
1. Немасно месо ( оттргнете ја кожата и мастите ), телешко
2. Пилешко
3. Риба
4. Белки ( можете да изедете 6 цели јајца неделно )
5. Зеленчук ( освен лук, домат и компир, јадете зелена салата за најдобри резултати )
6. Диетални газирани пијалаци ( без шеќери )
7. Вештачки засладувач
8. Калиумова сол
Максимално ограничете:
1. Јаглехидрати ( идеално би било да ги внесувате само преку зеленчук, сепак ако чувствувате потреба внесете минимално )
2. Натриум
3. Масти
4. Млечни производи, сирење, мајонез, сладолед или овошен јогурт – апсолутно се забранети
5. Овошјето, шеќерот и солта, апсолутно се забранети цели две недели
Диетата не е лесна, но сепак има доста храна која е дозволена. Придржувајте се кон неа и после две недели ќе уживате во Вашата нова фигура !!!