Диета со мед за темелно прочистување на организмот

popara24 јануари, 20151min00
7

Сите знаеме колку е здрав медот, дека треба да се конзумира редовно поради големиот број хранливи материи кои ги содржи. Но, знаете ли како се покажа медот кај диетите?

Следуваат две диети: првата трае три дена и се работи за брза класична диета (погодна за време на викенд), а втората е детоксикациска диета чија цел не е само намалување на тежината, туку и прочистување на телото однатре.

Ве советуваме да користите мед со проверен квалитет – малку предност им даваме на потемните видови мед.

Тридневна диета со мед

Доколку ја држите оваа диета, можете да изгубите 2-3 килограми за само 3 дена! Внимание: Секој ден мора да изедете половина лимон!

Прв ден

Појадок: 2 жолчки од јајце измешајте ги со лажица мед. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе (без шеќер)

Ручек: направете крем во блендер од: 100 гр сирење, 50 гр варени моркови , 50 гр варена брокула и 50 гр варен карфиол. Додаток: чај или кафе со 1 лажичка мед

Вечера: 1 шолја бистра супа од зеленчук, 1 парче интегрален леб и 1 јаболко/круша/портокал

Пред спиење: чај со лимон

 

Втор ден

Појадок: Исто како првиот ден

Ручек: Направете крем од едно меко варено јајце, лажица мед и 100 гр младо сирење. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе

Вечера: 150 гр риба или пилешко филе, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон

 

Трет ден

Појадок: Исто како првиот ден плус 1 јаболко

Ручек: 50 гр сирење, 1 парче ’ржан леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок

Вечера: 300 гр обарен зеленчук, едно меко варено јајце и шолја чај со една лажица мед

 

Диета со мед за детоксикација

Состојки:

  • 1,5 литри негазирана минерална вода
  • 8 лимони
  • 2-3 лажици мед
  • 1-2 лажици лут црвен пипер

Подготовка: Исцедете го лимоновиот сок, додадете го медот и пиперот и добро промешајте ја смесата. Испијте ја целата количина од напитокот во текот на денот. Со тоа можете да пиете зелен чај и вода. Максималното времетраење на детоксикациската диета е три дена. Нема да чувствувате слабост и замор, бидејќи медот ќе го храни вашето тело, пиперот ќе ја подобри циркулацијата, а лимонот ќе му помогне на телото да се ослободи од токсините.

За време на оваа диета се препорачува следната бања, која ќе ви помогне полесно да ги исфрлите токсините:

Во када со топла вода додадете една супена лажица сода бикарбона или 40-50 мл етерично масло од цитрон, лимон или портокал. Оваа постапка правете ја три дена по 20 минути.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma