Телефоните на преклопување беа екстремно популарни во првата половина од минатата деценија, но паметните телефони го завземаат нивното место. Сепак, зашто не би можеле да постојат и двете?
Во Јапонија, телефоните на преклопување сеуште се екстремно популарни, па Samsung реши да ја искористи оваа можност. Моделот SM-G9198 има одлични перформанси, Android оперативен систем и е на преклопување!
Телефонот доаѓа со два 3,9 инчни Super AMOLED екрани на допир со HD резолуција од 1280 x 768 пиксели, и двата заштитени од Gorilla Glass 4 (идентично како Galaxy S6 и Galaxy Note 5).
Во внатрешноста се наоѓа hexa-core Snapdragon 808 процесор со 64-битна архитектура, надополнет со 2GB RAM.
На задната страна ве очекува 16 мегапикселна камера со двоен LED блиц (не знаеме дали поседува оптичка стабилизација), додека пак предната камера е со резолуција од 5 мегапиксели. Телефонот има и простор за складирање на податоци од 16GB, кој може да го проширите преку MicroSD картичка.
Финално, тука е Android 5.1.1 Lollipop и поддршката за 4G LTE мрежа. Продажбата започнува наскоро, по засега непозната цена.