Можеби вие сте проблемот: 6 причини зошто немате среќа во љубовта!

8 септември, 20150
15

Дали имате чувство дека немате среќа во љубовта? Па, можно е вие самите да сте проблемот, но можете да бидете и свое решение…

Ви претставуваме 6 причини поради кои е можно сеуште да сте сингл.

1. Отежнувате

Во теорија, можеме себе засекогаш да си кажуваме како не би требало да влегуваме во врски додека не станеме најдобра верзија на себе, но без оглед на тоа што го кажуваме, ништо нема да се промени додека навистина нешто не направиме.

Колку навистина ќе ни биде потребно време да се засакаме себе си доволно за да се сметаме вредни за партнерот? Можеби тоа тапкање во место е потсвесна желба да останаме сингл што е можно повеќе/

Ако постоат работи кои би требало да ги промениме на себе си, немојта да отежнувате со промената. Само сетете се дека понекогаш партнерот е оној кој ќе ни помогне да станеме најдобра верзија на себе.

2. Не знаете што сакате

Девојка со прекрасно тело е ку*ва, паметната девојка е досадна. Оној забавен лик ќе ве изигра и повреди, но финиот дечко нема смисла за хумор. Не можете да добиете се- никој не е совршен.

Направете листа на топ 5 работи кои ги барате во партнерот: размислете за тоа што навистина е важно и престанете да ги отфрлате луѓето толку лесно.

3. Излегувате со луѓе кои се во различен животен период од вашиот

Можеби вие сте успешен маж во своите 30-ти со добра кариера и со прилично квалитетен план за иднината. Дали излегувате со помлади жени кои немаат појма што сакаат, или и не се доволно зрели да ви парираат?

Можеби би било попаметно да се свртите кон некој кој е во сличен животен период како и вас. Потребен ви е некој кој знае што сака.

4. Ќе ја добиете, а тогаш изгубите интерес

Ако сте онаа личност која е заинтересирана само додека не го добие, ќе бидете сингл засекогаш.

Ако секогаш го сакате она што не можете да го добиете и мечтааете за онаа мистериозната која е предизвик, се фаќате во сопствената игра каде губитокот е осигуран. Добивката доаѓа само оној момент кога ќе престанете да играте игри и ќе го промените размислувањето.

5. Се плашите дека нешто ќе пропуштите

Ако запознаете некој сјаен и веднаш се препуштите на приказната, се плашите дека ќе пропуштите некој друг.

Па што? Сите имаат уште понекоја опција, но не мисли секој во врската дека пропушта некој друг.

6. Ги сакате луѓето кои сакаат потполно различни работи од вас

Можеби вие сте жена која сака врска, но бркате маж кој многу јасно ви ставил до знаење дека не сака ништо сериозно. Или можеби, маж кој сака да се гледа со повеќе жени, а бркате жена која сака моногамија.

Било како било, ако продолжите да се гледате со луѓе кои не се на иста бранова должина како и вие, не се изненадувајте што не го добивате она што го сакате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi