Доказ за постоењето на вонземјани? Зошто НАСА го отстрани овој видео запис?

23 јануари, 20150
Доказ за постоењето на вонземјани? Зошто НАСА го отстрани овој видео запис?
Директниот пренос секогаш се прекинува кога некој објект ќе ѝ се приближи на вселенската станица. Исто така, НАСА го отстрани овој видео запис од своите архиви како би ја прикрила можната комуникација помеѓу астронаутите и евентуалните неидентификувани објекти. Сивиот објект е виден како минува преку хоризонтот, а потоа НАСА емитувањето го префрли на друга камера.

Токму затоа, НАСА е обвинета за обид за теорија на заговор бидејќи директниот пренос од Меѓународната вселенска станица е прекинат токму во момент кога се појавува неидентификуван летечки објект (НЛО). Во два наврати, ловците на вонземјани забележале мистериозен објект кој се појавувал на нивните екрани.

Тоби Лунд, кој го следи движењето на неидентификуваните летечки објекти, неодамна забележал објект над вселенската станица после што преносот е прекинат за некои 15-тина секунди.

Тој објаснува дека директниот пренос секогаш се прекинува кога некој објект ќе се приближи до вселенската станица. Исто така, НАСА го отстранила тој видео запис од својата архива, со што создава сомнеж дека се труди да сокрие евентуална комуникација помеѓу астронаутите и НЛО. Сивиот објект е забележан како минува над хоризонтот, но веднаш потоа НАСА го префрлила емитувањето на друга камера.

Некои наведуваат дека на видео записот всушност се појавува Месечината, меѓутоа корисникот “stritkap1” на YouTube мрежата вели дека токму во тоа е тешко да се поверува бидејќи кога е барем Месечината во прашање, на видео записите се гледа чиста бела дамка.

Професорот Ендрју Балог од Одделението за физика во Лондон вели дека научниците од НАСА би требало да ја истражат оваа појава ако имаат квалитетни видео записи.

Она што се наведува како најголем проблем е фактот дека НАСА се обидува да го негира постоењето на вонземјани, па токму затоа и ги прикрива ваквите ситуации.

Погледнете:

https://www.youtube.com/watch?x-yt-ts=1421914688&v=pAsxflfMXtg&x-yt-cl=84503534

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *