
Доколку сте личност која во потрагата за љубов во интернетот полагате големи надежи морате да знаете дека прчењето на усните и селфи од купатилото нема да ви бидат од помош.
Последици на се помасовното употребување на сликање на самиот себе си, каде луѓето очајнички се обидуваат да се фатат во најдобрата можна поза за телото да им биде што позгодно, лицето поубаво и целата појава попривлечна.
Но веќе и на птиците на гранката им е јасно дека селфи освен ако не е направен во шегаџиска намера, одраз е на незрелост и недостаток на самодоверба. Дека многумина се свесни за тоа покажува студијата која истражувала што всушност луѓето најмногу ги привлекува а што одбива кај личности на социјалните мрежи.
Се покажа дека селфи секако не е добра реклама за оној кој става фотографии на кои се трти, пучи или ги покажува своите „плочки, газот или градите“ во купатилото. На сето ова, овој начин на „промоција“ на луѓето воглавно им е одбоен и вештачки, исто како што им е и користењето на излитени фрази.
Од друга страна, она што најпрво „паѓа“ се сликите во природа со миленичиња или оние кои покажуваат дека одредена личност се бави со некој спорт.
Кога се во прашање маи, онлајн карактеристики кои се најпривлечни за жените на интернет се спонтан, амбициозен, авантурист и духовит. Од жените пак се бара да бидат исто така спонтани, но и со спортски дух и искрени.
Во денешно време се помалку има врски кои започнуваат во кафулиња и клубови, па размислувајте за тоа што следниот пат ќе ставите на свјот профил доколку ви е важно тоа некој да го запознаете и зачувате.