Доколку не знаете дали е заинтересиран некој за вас или не – најчесто не е!

popara8 август, 20151min00
6
“Тој ми испраќа измешани сигнали, значи многу ме нервира, не го сфаќам, сето тоа е многу фрустрирачки!” …

Не драги мои, тоа што е фрустрирачки е фактот дека вие сте неверојатна личност, а сепак си го трошите времето на некој кој воопшто не е за вас. Измешаните сигнали не постојат. Тоа е концепт кој луѓето си го измислиле кога не можат да си објаснат дали некој е заинтересиран за нив или не.

Да ви појасниме нешто – доколку не знаете дали е заинтересиран некој за вас или не – најчесто не е, а токму тоа што “не знаете на што сте” треба да го гледате како јасен сигнал, а не како “измешан”. Без разлика дали сте за “несериозна” или сериозна врска, игнорирањето и непосветеноста како и “измешаните” сигнали само ќе ве нервираат.

Дешифрирањето на нив едноставно е губење време, нерви и напор – да зборуваме реално! Особено доколку тие не ни постојат, а само вие си правите слика фантазирајќи. Еве ви и шест причини зошто не постои такво нешто како “измешани сигнали”…

1. Делата зборуваат погласно од зборовите – Секогаш било така и секогаш ќе биде. Многу луѓе се слаткоречиви, поети, писатели, фантазери и романтичари, а многу луѓе и одлично знаат да ги глумат ваквите улоги. Доколку нечии зборови (или текстуални пораки) ве тераат да верувате дека тој/таа чувствува нешто кон вас, но неговите/нејзините дела зборуваат поинаку – слушајте ги делата!

Не дозволувајте да ве опие “Прекрасен/на си, би сакал/а да те видам некогаш”, а едноставно таа средба никако да се случи. Делата зборуваат погласно од зборовите.

2. Играчите “ве сакаат” само додека си играат – Насловот сам зборува за себе. И многу е болно, знам, но чиста вистина е. Женски или машки “играч” ќе се постави како да е заинтересиран за вас, можеби дури и ќе се преправа дека се грижи за вас, бидејќи тој или таа очигледно има друг мотив.

Доколку некој “ве игра”, може да креира лажно чувство на интимност. Евентуално, вистинските бои ќе започнат да се покажуваат и тоа е најчесто периодот кога ќе започнете да им се жалите на другарите и другарките дека тој/таа ви испраќа измешани сигнали.

Поголемиот дел од времето, можете да ги забележите ваквите личност уште од километар. Секогаш слушајте ги своите инстинкти бидејќи сами можете да процените дали на некој навистина ама навистина му значите или не. За помош, размислете околу делата кои ги прави, ако ви требаат докази.
3. Кога знаеш, едноставно знаеш – Кога некој навистина е заинтересиран за вас, ќе знаете. Ќе ви биде јасно. Нема да има “измешани сигнали”. Кога ова ќе се случи нема да се нервирате, нема да има потреба од вложување напор, едноставно се ќе тече природно и лесно.

Вознемиреноста претрпена од прашувајќи се себеси и од чекање на следниот сигнал ќе биде непостоечка. Нема да се чувствувате како да сте во игра.

4. Непостојаноста не е нешто со кое треба да се справувате – Без разлика дали барате нешто не толку серизно или нешто посериозно, доколку некој е непостојан во вашиот однос и тоа ве нервира, едноставно откажете се и продолжете понатаму.

На пример, доколку некој ве контактира редовно и потоа го снема од лицето на земјата две недели, па повторно се врати и овој циклус се повторува – обидете се да не му придавате значење воопшто. Едноставно, не го трошете времето. Ќе си ја задржите гордоста и ќе оставите впечаток на интелегентна зрела личност која не трпи луѓе кои не ја третираат како што заслужува. Па таа личност можеби и ќе се замисли. Ако не, барем ќе ве почитува повеќе отколку кога би и’ го дозволиле таквиот однос.

5. Повеќето луѓе не сакаат да ги “стават сите јајца во иста кошница” – Се случува да добивате од овие “измешани сигнали” од некој кој не е фокусиран само на вас. Понекогаш неговиот или нејзиниот фокус се префрла на другите личности со кој тој или таа се гледа. Доколку не барате ништо сериозно – или задоволете се дека ќе постојат периоди кога едноставно фокусот нема да биде врз вас или едноставно тргнете се.

6. Тајниот љубовник/љубовничка не е WOW – Доколку некој инсистира да се криете и ве држи во приватност, не сака да ве запозне со неговите пријатели или семејството и да излегувате во јавност тогаш дефинитивно имате “проблеми во рајот”.

Доколку некој јасно и гласно не ви даде до знаење дека “тоа е тоа” – не ви дава измешани сигнали, едноставно “се занимава со нешто во слободно време” – а тоа е црвено знаме, не сигнал!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *