Доктор закопан пред 20 години го пронашле жив во шума

popara15 ноември, 20151min00
8

Скршените родители пред цели две децении го „закопале“ синот, млад и перспективен шпански доктор иако тој никогаш не бил пронајден откако без трага исчезнал а потрагата била завршена бидејќи не давала никакви резултати.

Така Карлос Санчез Ортиз де Салазар од Севиља во 2010 година и официјално бил прогласен за мртов, на 15 годишнината од неговото исчезнување.

Имено, Карлос Санчез Ортиз де Салазар исчезнал без трага пред дваесет години. После исцрпна потрага, докторот бил прогласен за мртов. Пред две недели бил пронајден жив  – во шума.

Во 1995 година Карлос имал 26 години и боледувал од депресија. Дваесет години подоцна, пред две недели, неговите родители примиле вест на која не се надевале ниту во најлудите соништа: „Вашиот син е жив“.

Имено, двајца берачи на печурки наишле на него и неговиот шатор во севетна Тоскана во Италија. Тој им се претставил и им рекол дека е Шпанец кој се вика Карлос и кој во таа шума живее веќе 20 години. Им го покажал и својот престар пасош и им објаснил дека нема смисла да го пријават во полиција каде се наоѓа, бидејќи штом ќе заминат, ќе ја промени својата локација – пишува Daily Mail.

Тие сепак контактирале со шпанскиот завод за исчезнати личности кој многу брзо ги лоцирал родителите на Карлос. Тие веднаш одлетале во Италија за да го пронајдат, но Карлос веќе не бил таму.

– Нам, како родители, ни е многу важно да знаеме дека е жив, но загрижени сме за неговото здравје. Ги почитуваме неговите желби и неговата слобода, но нема да се смириме додека не успееме барем да го прегрнеме, па макар и за последен пат. Ние само сакаме тој да е добро – изјавила неговата мајка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag