Google Maps одсега ви овозможува навигација и кога не сте на интернет

15 ноември, 20150
7

60% од планетата Земја нема пристап до интернет, а дури на некои места каде интернетот е достапен, тој може да биде доста  спор. Тоа значи дека брзиот и лесен пристап до информации не е возможен за поголемиот дел од популацијата.

Тоа е голем проблем, особено за луѓето кои пробуваат да го истражат светот. Поради тоа Google Maps презеде чекори за да им овозможи на луѓето ширум светот да ги пронајдат своите насоки и да стигнат кадешто планираат иако немаат интернет конекција.

Имено, сега можете да симнете мапи на вашиот телефон и во моментот кога ќе останете без конекција, без разлика каде се наоѓате, Google Maps ќе продолжи да работи без проблем.

Претходно можевте многу едноставно да видите каде се наоѓате и без интернет, но сега ќе ги имате и редовните инструкции, како што се насоките, бројот на часови колку што ви останале за да стигнете до местото, контакт информациите или оцените за местото каде одите.

Оваа опција веќе е возможна за Android корисниците, а наскоро ќе биде достапна и за iOS уредите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *