Документарни филмови за вселената кои едоставно мора да ги погледнете

4 декември, 20150
Документарни филмови за вселената кои едоставно мора да ги погледнете

Вселена. Толку безгранична толку мистериозна, толку несфатлива. Ве интересираат нејзините тајни? Ние ве охрабруваме да ги погледнете следните пет документарни филмови на „YouTube“ кои ќе ве восхитат, но истовремено и ќе ви ги прошират знаењата за тој бесконечен простор.

„SpaceRip“ е канал на YouTube посветен на вселената. И затоа што знаеме дека луѓето премногу малку внимание посветуваат на оваа тема, ние издвоивме пет фасцинантни документарци кои ќе одговорат на многу прашања што се однесуваат за “нејзиното величество” Вселената.

Venus: Death of a Planet

Документарен филм за тоа зошто Земјата преживеа, a нашата сестра планетата Венера може да умре. Земјата и Венера пред 4,5 милијарди години биле речиси идентични близнаци (со речиси ист гасовит состав), но на преминот во цврста состојба станаа целосна спротивност. Зошто Венера се гуши во топла густи облаци полни со отровни гасови? Што тргна наопаку?

The Largest Black Holes in the Universe

Нашата галаксија, Млечниот Пат, има, исто како и македонските патишта, има многу црни дупки (тие  се дупки во просторот кои настанале како резултат на гравитациски колапс). Многу далеку од нашата галаксија расте многу посебен вид на црни дупки, многу позастрашувачки од нашите. Хорор како за добра ноќ.

Supervolcanoes

Супервулканите имаат толку силни и моќни ерупции кои може да ја променат историјата на нашата планета. Климата буквално пропаѓа и следи масовно изумирање. Тие се полоши од астероиди и нуклеарна војна, бидејќи може да исфрлат повеќе од 1.000 кубни километри материјал.

Cosmic Journeys – Hubble: Universe in Motion

Вселенскиот телескоп Хабл го прославува 25 години. По четвртина век од неговото лансирање, тој придонесе значително да се промени нашиот поглед на универзумот и се погрижи за многу откритија и прекрасни слики од космосот.

Earth 100 Million Years From Now

Земјата не изгледала отсекогаш онака како што изгледа денес. Континетите се формирани како резултат на тектонски движења во текот на долги временски периоди. Ова видео покажува како се смета дека денешните континенти еволуирале во текот на последните 600 милиони години, и како тие ќе изгледаат во наредните 100 милиони години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi