Овој природен рецепт на професор Мермерски се користи при висок крвен притисок.
Начинот на подготовка е многу едноставен. Ќе ви биде потребно:
400 гр лук
3 лимони
Лукот и лимоните( излупени и без семки) се мелат во машина за месо или блендер. Добиената смеса се префрла во темно, стаклено шише и се запечатува со фолија. Лекот треба да отстои 24 дена, а на 25-от се почнува со конзумација.
Навечер:
Во еден филџан додадете 2 супени лажици кисело млеко и додадете 1 кафена лажичка од смесата, 1/2 лажичка цимет, 1 кафена лажичка мед и 15 капки јаворов сируп. Се меша добро и се пие пред легнување.
Наутро пред појадок:
Во филџан додадете 2 супени лажици кисело млеко, 2 супени лажици мелени ореви, 1 кафена лажичка мед, 1/2 кафена лажичка цимет, и 15 капки јаворов сируп. Смесата се конзумира пред појадок.