Домашна маска од ракија и мед против косопад

popara6 јануари, 20151min00
13

Секојдневната загуба на 30 до 50 влакна се смета за нормален биолошки процес. Но кога загубата на влакна се зголеми доста над тој број тоа веќе се смета за посериозен проблем.

За да се справите со овој проблем и да ја зајакнете косата направете ја следнава маска против косопад.

Изматете две жолчки. Кон тоа додадете 50 мл ракија и малку вода и повторно добро изматете ја смесата. Втријте ја добиената смеса во кожата на главата и нанесете врз целата коса. Оставете маската да делува 20 минути, а потоа измијте ја со благ шампон.

Следнава маска е исто така мошне ефикасна за истиот проблем. Измешајте една жолчка, една лажица маслиново масло, два лажици сок од кромид и една лажица мед. Добиената смеса најпрво втријте ја во корените, а потоа и по должината на косата. Завиткајте ја главата со крпа и најлон и оставете маската да делува 2 часа после што се мие со благ шампон и се плакне со јаболков оцет разреден во вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag