Домашна третман против целулит дава резултати по една седмица

9 август, 20150
10

Воопшто не е тешко да подготвите домашна крема против целулит која е многу поефикасна од купечките препарати. Домашната крема против целулит се подготвува по едноставен рецепт и покажува први резултати само по 7 дена.

Состојки:

  • 100 ml детска крема
  • 5-6 таблети Мумио
  • 20 капки етерично масло од портокал
  • 3-5 капки етерично масло од цимет

За подготовка на антицелулитна крема најпогодна е детската крема која не содржи никакви штетни додатоци.

Мумио таблетите често се користат и за лекување на целулитот и за лекување на стриите, бидејќи ја затегнуваат кожата, ја зголемуваат еластичноста и ја прават мека и свиленкаста.

Етеричното масло од портокал ја затегнува и ја храни кожата, а маслото од цимет не само што поседува пријатна арома, туку е и делотворно во борбата со портокаловата кора.

Подготовка:

Во тегличка од 150 до 200 ml ставете 100 g детска крема. Затоа додајте 5-6 таблети Мумио иситнети како прав и промешајте. Таблетите Мумио чувајте ги во фрижидер за полесно да можете да ги иситните.

Додајте 20 капки етерично масло од портокал и не повеќе од 5 капки масло од цимет.

Сите состојки темелно промешајте ги, затворете ја тегличката и оставете ја да отстои 8-10 часа. После тоа измешајте ја повторно и спремна е за употреба.

Не заборавајте по секоја употреба да ја затворите тегличката.

За постигнување најдобри резултати потребно е кремата да ја мачкате секојдневно на проблематичните делови со силни движења. Првите резултати очекувајте ги веќе по 7 дена.

Рокот на употреба на оваа крема е 3 недели. Потоа треба да направите нова смеса.

Откако ќе ја нанесете почекајте да се впие пред да облечете нешто. Најпрепорачливо е да се нанесува веднаш по туширањето.

Покрај користењето на оваа крема, барем 2 пати неделно пожелно е да ставате антицелулитни облоги од кафе и чоколадо, како и да вежбате.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *