Дознајте како промената на лозинката му го сменила животот од корен

popara17 јануари, 20151min00
23
Во моментот на најголемиот животен пресврт, збунетост и изгубеност, Маурисио Естреља се сетил на советот од својот поранешен директор. Ја сменил лозинката пробувајќи да го промени животот. И успеал во тоа!

Еден ден Маурисио Естреља пристигнал на работа многу нервозен. Доцнел, се брзал, имал уште 20 минути до почетокот на важен состанок. А во главата му се вртела само една мисла „Како можеше тоа да ми го стори?“. Имено, бил во процес на болен развод.

Во тој момент, кога го уклучил компјутерот, сфатил дека лозинката за логирање му е истечена. Имал уште малку време до состанокот, а пред себе имал препрека, односно, чисто губење на време. Секако, на работа морате да имате лозинка од најмалку осум карактери, една голема буква, бројка и други ограничувања. Тогаш, Маурисио се сетил на советот од неговиот поранешен директор – Искористи ја лозинката за да си го промениш животот.

Бил болно свесен за целта која би сакал да ја постигне, кон која би требало да тежнее, бидејќи на емотивен план бил прилично изгубен. И тогаш се сетил. Неговата нова лозинка била Forgive@h3r или во превод „прости и`“. Изразот „прости и`“ требало да го пишува неколку пати дневно, секој пат кога компјутерот би се заклучил, во текот на целиот месец.

Тој едноставен чин го променил неговиот дотогашен начин на размислување за поранешната сопруга, за својот пропаднат брак и за депресијата во која тонел се` повеќе. Расположението драстично му се подобрило, а веќе кон крајот на втората недела почувствувал дека болката станува се` послаба. Имал впечаток дека навистина и` простувал секој пат кога ќе напишел „прости и`“.

После тоа, сфатил колку лозинката, односно ритуалот кој го повторувал секој ден, има моќ да влијае врз неговиот живот, да му помогне да го промени сето она што отсекогаш сакал да го смени, а не бил доволно храбар и јак за тоа. Според неговата исповед на „Huffington Post“, Маурисио нашол начин да ја исцели болката и да се поттикне себеси на нови цели.

После еден месец неговата нова лозинка била Quit@smoking4ever (остави ги засекогаш цигарите) и престанал да пуши преку ноќ.

Еве некои од неговите лозинки:

-Save4trip@thailand (штеди пари за пат во Тајланд) – три месеци подоцна, бил таму. Патот и сместувањето го платил од заштеденото.
-Eat2times@day (јади два пати дневно) – во ова не успеал, сеуште има проблеми со килограмите.
-Sleep@before12 (легни си пред полноќ) – успеал во тоа.
-No@drinking2months (немој да пиеш алкохол два месеци) – успеал и се чувствува многу подобро.
-Get@c4t! (набави си мачка) – успеал, има прекрасно милениче.
-Save4@ring (штеди за прстен) – тоа е неговата последна лозинка за која е сигурен дека ќе му го промени животот.

Маурисио сфатил дека лозинката навистина може да му го промени животот, и затоа ја споделил оваа приказна со целиот свет – за да им помогне и на другите да го направат истото.