Петте правила за рамен стомак

17 јануари, 20150
2

Еден од основните проблеми на повеќето дами се масните наслаги во пределот на половината. Меѓутоа ние ви гарантираме дека ако е тешко не значи и дека е невозможно. Затоа денес ви подготвивме неколку совети кои ќе ви помогнат да се справите со тој проблем.

–          Лишете се од продукти кои се познати по тоа дека трупаат маснотии во областа на стомакот и половината. Некои од нив се рафинираниот шеќер, алкохолот, кофеинот, полуфабрикатите, сувото млеко, слаткиот овошен јогурт и маргарин.

–          Конзумирајте додатоци кои содржат рибино масло бидејќи тие ве снабдуваат со неопходните омега 3 масни киселини кои го активираат процесот на согурување на сопствените маснотии.

–          Се препорачува да не јадете ништо после 18 часот.

–          Појадокот е задолжителен. Дури и ако се состои само од овошје или јатки. Појадокот дава незаменлива енергија за целиот ден. Ако наутро немате апетит можете да се задоволите со природен овошен шејк или житарици со јогурт.

–          Заменете ги штетните продукти со полезни: полнозрнест леб, био пресно и кисело млеко, кафеав шеќер, масло, јатки, јајца. Јадете повеќе овошје и зеленчук и риба.

Се разбира не ја заборавајте и физичката активност која е особено важна. Од вежбите најефикасни се сите видови стомачни, кардио вежби и брзо одење во природа или трака како и возење ролери или велосипед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi