Дознал пред жена му дека е бремена, па тој и ја соопштил веста

popara10 август, 20151min00
Дознал пред жена му дека е бремена, па тој и ја соопштил веста

Најчесто жените се тие кои на своите партнери им ги соопштуваат вестите за бременоста. Но, Сем одлучил да го дознае тоа прв и потоа да ја изненади својата сопруга.

Имено, таа еден ден претходно му кажала дека менструацијата и доцни веќе две недели, па Сем купил тест за бременост и на него капнал неколку капки од нејзината урина. До неа дошол (логично!) во ВЦ школката, бидејќи кога оди во ВЦ сред ноќ, Нија не пушта вода за да не ги разбуди нивните две мали ќерки.

Возбуден поради фактот дека тестот покажал дека Нија е бремена, тој одлучил да и признае пред нивните ќерки, за време на појадокот.

Секако, Нија некое време мислеше дека Сем само ја зафркава, но потоа сфати дека навистина е бремена. Потоа, за секој случај тие направија уште еден тест за бременост кој само потврди дека Сем и Нија по трет пат ќе станат родители.