Први кадри од новиот заеднички филм на Џоли и Пит

popara10 август, 20151min00
By the Sea

Конечно е објавен долгоочекуваниот трајлер на филм „Покрај морето“, во кој главните улоги ги толкуваат Анџелина Џоли и Бред Пет.

Тие во филмот играат брачна двојка која минува низ кризи и бурен период. Дејствието на филмот е сместено на француската ривиера во 70-те години на минатиот век.

 

 

„Покрај морето“ е приказна за поранешната танчерка Ванеса и нејзиниот сопруг Роланд, американски писател. По повеќе години брак, тие се оддалечиле еден од друг, но кога ќе стигнат во едно мирно градче крај морето, нивните животи ќе се променат.