Славните Џон Леџенд и Криси Тајген во брак се скоро две години, но се уште се вљубени како на првиот ден. Популарната двојка се појави на забавата на доделувањето на наградите Златен Глобус, а сите присутни Криси ги одушеви со својата модна комбинација, поточно соп бујното деколте.
Додека сите останати можеле само да гледаат, нејзиниот сопруг не се срамел пред сите да ги бакне градите на својата убава избраничка.