Едната страна на лицето ја мачкала со ефтин, а другата со скап крем и еве што се случило!

popara8 август, 20151min00
33

Со цел да провери, новинарката од Дејли Мејл, Маила Клари Цисоти неколку месеци користела најефтин крем за 1 евро на едната страна од лицето, а на другата Крем де ла Мер кој чини околу 200 евра.

Ефтиниот крем содржи вообичаени компоненти како глицерин, додека Крем де ла Мер има многу комплицирана формула. Неговата тајна формула е мешавина направена од ферментирани алги, витамини и минерали кои се третирани со звучни бранови. Според зборовите на компанијата, има ефект на трансформација на кожата која за кратко време станува цврста, хидратирана, ревитализирана, а брчките и порите се намалуваат.

Пред да почне со експериментот, Клари ја тестирала својата кожа со помош на уредот Виста, развиен од НАСА за да го следи влијанието на зрачењето и нулта гравитација на кожата на космонаутите.

Тестот покажал дека на прагот на 47 години брчки има помалку од просекот, но кожата и е дехидрирана и забележано е црвенило.

Неколку месеци Клари ја практикувала истата рутина. На десната страна нанесувала Крем де ла Мер, а на левата од ефтиниот крем.

На крај од експериментот, според дерматолошкото скенирање, ефтиниот крем дал подобри резултати. Левата страна на лицето, каде нанесувала ефтин крем, била подобро хидратирана, црвенилото се намалило, а некои ситни брчки околу очите исчезнале. Кожата на левата страна се подмладила за 5 години.

извор: Дејли Мејл

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *